
Во моментов, во Клиниката „Жан Митрев“ се згрижени седум пациенти, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани. Нашиот медицински тим вложува максимални напори за нивна стабилизација и се очекува организирање трансфер во странски медицински центри за понатамошно лекување, соопштија од Клиниката.
Ги мобилизираме сите расположливи ресурси и остануваме посветени на борбата за секој живот. Нашите мисли и поддршка се со пациентите, нивните семејства и сите засегнати од оваа трагедија, се вели во соопштението.
Утринава во дискотека во Кочани изби пожар во кој животот го загубија 59 претежно млади лица, а 155 се повредени и се на лекување по болниците низ државата. Еден дел веќе е пренесен во странство, односно најкритичните пациенти.