Skip to main content

Овие пет овошја ја помладуваат кожата и го забавуваат стареењето

Фрипик

Грижата за кожата не се состои само од креми и третмани – она што го јадеме има подеднакво важно влијание врз тоа како изгледаме и како старееме.

Според експертот за кожа и нутриционист Крис Гибсон, одредени видови овошје значително придонесуваат за зачувување на младешкиот изглед, благодарение на високата содржина на антиоксиданси, витамини и противвоспалителни соединенија.

Постојат неколку видови овошје што навистина можат да помогнат во забавување на процесот на стареење. Тоа го потврдуваат и научните истражувања, но и моето долгогодишно искуство со кожа“, вели Гибсон.

Боровинки

Боровинките се први на листата како моќен сојузник на младешката кожа.

Преполни се со витамин Ц и антоцијанини, кои се борат против оксидативниот стрес и воспаленијата – главните виновници за стареење на кожата“, објаснува Гибсон.

Шипка

Шипката содржи силни соединенија како пуникалагини и елагична киселина.

Овие состојки ги намалуваат воспалителните процеси низ целото тело, вклучувајќи ја и кожата“, додава Гибсон – што придонесува за посвеж и поздрав изглед.

Авокадо

Авокадото е богато со здрави масти, витамини Е и Ц, како и антиоксиданси, особено корисно за зрела и сува кожа.

Го подобрува еластичноста и ѝ помага на кожата да ја задржи влажноста, што ја прави полна и цврста“, нагласува Гибсон.

Јаболка

Иако не се првиот избор кога станува збор за нега на кожа, Гибсон ја истакнува нивната вредност.

Јаболката содржат растителни влакна, витамини и силен антиоксиданс кверцетин, кој го поддржува здравјето на клетките на кожата и ја подобрува нејзината функција“, вели тој.

Јагоди

Освен што се вкусни, јагодите се полни со витамин Ц и антиоксиданси што ја поттикнуваат продукцијата на колаген. „Исто така, ја штитат кожата од оштетувања предизвикани од УВ-зрачење“, додава тој.

Поврзани вести