Skip to main content

Нова медицинска опрема и реновирање на оддели на Клиниката за инфективни болест

Клиниката за инфективни болести доби реновиран и реконструиран оддел за лекување на инфективни заболувања на централниот нервен систем и интензивна нега, со современа медицинска апаратура која ќе овозможи брза и точна дијагностика. Оваа инвестиција е значаен чекор за подобрување на условите за нега на пациентите и работа на медицинскиот персонал.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека е задоволен од унапредувањето на здравството, посебно на инфективната клиника, и нагласи дека реновирањето на два оддела е клучно во моментот кога се реконструираат и други клиники. Според него, новата опрема за молекуларна дијагностика и напредни алатки за бронхоскопија и гастроскопија ќе овозможат пациентите да се третираат локално, наместо да се упатуваат на други локации.

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, потврди дека клиниката била важен столб за време на ковид кризата и дека системот ќе продолжи да работи на унапредување. Раководството на клиниката истакна дека има недостиг на медицински персонал, но очекуваат нови вработувања во соработка со министерството.

Министерот Таравари најави обуки за нови специјалисти и буџетски средства за надминување на дефицитот на доктори во јавните здравствени установи. Тој исто така потврди дека се работи на решение за паркингот на клиничкиот центар, кој ќе функционира со одредена фирма следните 7-8 години, а се разгледуваат и можни решенија за катните гаражи.

Поврзани вести