Skip to main content

На скала од 5 до 10 Таравари му дава оценка 8 на јавното здравство

фото: Министерство за здравство

На крајот од календарската 2024 година, министерот за здравство Арбен Таравари кој ја извршуваа оваа функција од средината на јуни го оценува јавното здравство со солидна осмица на скала од 5 до 10.

Даваме максимум, посебно последните шест месеци, за да се поправи што подобро. Иако хотелиерските услуги можеби не се најдобри во јавното здравство, но услугите што ги добиваат граѓаните и медицинскиот персонал се квалитетни, изјави Таравари на денешниот брифинг со новинарите.

На прашањето до каде е состојбата со компресорските станици Таравари рече дека иснталацаиите се веќе поставени, се работи интензивно со компанијата што го работи тоа.

Треба да заврши кон крајот на јануари. Остана само апаратот што треба да се постави. Добро е тоа што сега ќе имаме бекап. Практично новата инсталалција и новиот апарат ќе фуннцкионираат, а стариот ќе го поправиме и тоа ќе биде секогаш како поддршка ако се случи нешто со новиот апарат, да не чекаме повторно шест месеци додека се објави повик. Операциите продолжуваат без никаков застој. Нема повеќе редуциран број на операции, нормализиран е процесот на операции“, рече Таравари, одговарајќи на новинарско прашање.

На крајот на мај годинава, се појави проблем со компримираниот воздух на клиниките во Клиничкиот центар. Голем дел од операционите сали беа затворени. Поради тоа се одложуваа операциите, кои не беа итни. Пациенти беа враќани дома, со образложение дека нема услови да се изведе операцијата.

Од Здруженијата на матични лекари апелираат дека државата ќе остане без матични лекари со оглед нан тоа дека за една деценија 400 лекари се пензинониррале, а никој млад доктор не сака да биде матичен лекар.

Секаде во регионот се проблем човечките ресурси, посебно во здравството, таква е состојата и во Словенија, Хрватска кои исто така бараат лекари. Од кај нас си заминуваат. Ние како Влада може да подобриме услови и плати, и тоа го правиме континуиррано. Зборуваме за 600 специјацијализанти, нов колективен договор, за идната година ќе се зголемат и бодовите за матичните лекари, во април, за да бидат мотиварички, да останат и да работат. Тие што се решени да одат од државата, за жал, не може да ги задржиме со сила. Во последните два месеци мене ме посетија тројца доктори кои работат во различни европски држави коишто се зааинтересирани да се вратат во државата. Можеби бројката е симболична, тројца, но за нас тоа е мошне мотивирачки. Сериозно како Влада и МЗ мора да размислиме да го отвориме вратите, барем оние што се поблиску, од Хрватска или Словенија, но и од другите европски држави, ако имаат тригодишно работно искуство да ги интегрираме во нашиот здравствен систем, изјави Таравари.

Тарвари кажа дека Комисијата за проширување на позитивната листа на лекови ќе се формира веднаш по Нова година, а постојатно работат на подобрување на ефикасноста на „Мој термин“.

Мислам дека времето на чекање е многу помало од она што беше пред шест месеци. Никогаш не е идеално.За дигитализација треба сериозно да се размислува, рече Таравари.

Министерот информираше и за средбата со деканите на трите медицински факултети во државата.

Првпат после не знам колку години се случува МЗ да седне со деканите на трите Медицински факултети и да им укаже дека и приватните и државните специјализации ќе бидат под контрола на МЗ. Објавата за специјалации малку доцни, но тоа е така бидејќи размислуваме на мотивирачки елементи во конкурсот за да се пријават нови патолози на пример, бидејќи во цела држава има 15-20. Има 150 кардиолози или пластични хирурзи, но недостигаат патолози, инфектлози, радиолози. Конкурсот треба да се објави до крајот на јануари, а приватните веќе го објавија по наши препораки. Како еден млад доктор да се мотивира да биде патолог, ете дајте ни време како да го направиме тоа, рече Тарави.

Таравари е оптимист дека во 2025 година ќе почне доградбата и завршувањето на болниците во Кичево и Штип.

Приоритети ни се болниците „Св. Еразмо“ и таа во Струмица, потоа болницата во Тетово каде што одредени оддели се катастрофални, кажа Таравари.

Поврзани вести