Skip to main content

Министерот Алиу се сретна со директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи

Министерство за здравство

Министерот за здравство, Азир Алиу денес имаше работна средба со директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, Билјана Димитрова, и со претставници од Агенцијата, соооштија од Министерството за здравство.

На средбата се разговарало за можностите за зголемување на ефикасноста на Агенцијата преку нејзино професионално зајакнување, подобрување на законската регулатива во делот на акредитација на здравствените установи, како и унапредување на квалитетот на здравствената заштита и безбедност на пациентите.

Министерството за здравство останува посветено на зајакнување на институциите и развој на системи, кои обезбедуваат безбедни, ефикасни и квалитетни здравствени услуги за сите граѓани.

Поврзани вести