Skip to main content

Клиниката „Жан Митрев“ ги отвора вратите за повредените од Кочани, на располагање ги ставаат амбулантите возила

Вратите на Клиниката „Жан Митрев“ се отворени за секого кому му е потребна медицинска помош, а нашиот тим е подготвен да одговори на секој повик со највисоко ниво на грижа и посветеност.

Веќе неколку лица од несреќата се згрижени во нашата клиника. На располагање ги ставаме и амбулантни возила на Клиниката за да стигнеме до сите на кои им е потребна помош, соопштија од Клиниката „Жан Митрев“.

Ова се моменти кога мора да останеме сплотени, да си помогнеме и да покажеме дека никој не е сам. Со мислите и срцата сме со повредените и нивните семејства. Во вакви моменти, кога зборовите се немоќни да ја опишат болката што ја чувствуваме, најважно е да бидеме заедно. Трагедиите нè потсетуваат дека човечноста, солидарноста и поддршката се најсилните нешта што ги имаме, додаваат од Клиниката.

Поврзани вести