
Универзитетската клиника за нефрологија – Скопје доби големо признание за својата работа и ангажман на докторите кои се вработени на Клиниката.
Нашата клиника е официјално одобрена од European Renal Association (ERA) како еден од хостинг центрите за Интернационалната обука по интервенциска нефрологија, објавија од Клиниката на социјалните мрежи.