
Дали водата со лимон навистина има толку моќен ефект, или е само уште еден тренд без научна основа?
Нутриционистите истакнуваат дека водата со лимон може да има корисен ефект – под услов да се консумира на правилен начин.
Лимонот е богат со витамин Ц, ја стимулира работата на дигестивниот тракт и може да придонесе за подобра хидратација на телото. Сепак, тоа не е „магично стапче“, а неговата моќ често се претерува. Редовното пиење топла вода со лимон може да помогне во регулирањето на варењето, намалувањето на надуеноста и да придонесе за подобра функција на црниот дроб.
Исто така, киселата средина што ја создава во желудникот може да го забрза разградувањето на храната. Сепак, важно е да се грижите за забите – киселините можат да ја оштетат глеѓта, па затоа се препорачува пијалокот да се пие со сламка.
Водата со лимон може да биде корисна навика, но само како дел од поширок здрав начин на живот. Ако очекувате чудесни резултати без да ја менувате вашата исхрана и физичка активност, разочарувањето е сигурно. Вистинската сила не е во лимоните, туку во доследноста и здравиот избор секој ден..