
Реката Вардар денеска има зголемен водостој, особено кај Јегуновце и кај Демир Капија. Исто така, реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања и Сатеска кај Ботун покажуваат пораст на нивото на водата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, дел од реките не го следат позитивниот тренд – нивото на водата во Црна Река кај Новаци, Пчиња кај Пелинце и Крива Река кај Крива Паланка е под просекот за ноември.
Според податоците на УХМР, водостојот на Дојранското, Преспанското и Охридското Езеро останува стабилен и се движи во рамките на вообичаените ноемвриски вредности.

Македонски








