![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/sneg-straza-e1739382495687.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по насместа влажни коловози. Како што информира ЈП „Македонија пат“, врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Плетвар, додека врнежи со среден интензитет се бележат на Попова Шапка и во Крушево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и на прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Претпријатието со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата. Неговите дежурните екипи, наведува, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Учесниците во сообраќајот можат да ги добијат сите подетални информации на дежурниот телефон 02 25 61 502.