Skip to main content

Во следните два дена посебен сообраќаен режим во Скопје

На 31.03.2026 и 01.04.2026 (вторник и среда) во официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

-Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, информира МВР.

Поврзани вести