
Управата за хидрометеоролошки работи извести дека утре низ земјава наместа ќе дува засилен северен ветер, дури над 70 километри на час.
Засилен ветер ќе има во скопско-кумановскиот регион, долж Повардарието и во југо-западниот дел, односно во Охрид, Струга и околината.