Skip to main content

Требало да се пласираат како македонски: АХВ уништи над 40 тони необележани јајца од Србија

Над 40 тони необележани јајца со потекло од Србија, а кои биле запленети на граничниот премин Табановце се ууништени на депонијата Дрисла, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Оттаму велат дека јајцата требало дополнително да се обележат и лажно да се пласираат на пазарот како македонски.

Како што соопштија од АХВ, станува збор за две пратки со над 572 000 необележани свежи јајца.

„Врз основа на оперативни сознанија и повеќемесечно професионално следење на активностите на домашни увозници и извозници со јајца, на граничниот премин Табановце беше спроведена акција во која при детална контрола се откриени над 572 000 необележани свежи јајца, скриени зад првите палети со уредно декларирана стока. Во едната пратка се пронајдени 270 илјади, а во другата 302 400 необележани јајца“,

информираат од АХВ.
Сголасно нивните сознанија, како што велат оттаму, спречена е сериозна измама и потенцијален ризик за македонските потрошувачи.

„Вкупната количина од 40 тони и 410 килограми јајца е прогласена за небезбедна и е нештетно уништена на депонијата Дрисла. АХВ уште еднаш ја потврдува својата клучна улога во заштитата на безбедноста на храната и интересите на граѓаните и домашните производители и останува посветена на бескомпромисна борба против измамите со храна, продолжувајќи со засилени контроли и активности на терен“,

се вели во соопштението.
За вклучените субјекти во овој случај ќе бидат изречени соодветни мерки, а ќе следуваат и дополнителни проверки на нивното досегашно работење.

Поврзани вести