
Под влијание на циклонска активност со центар западно и северозападно од Македонија, продолжува периодот на многу променливо време. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината поради силното јужно и југозападно струење на висина, кое носи топол воздух од југозапад кон нашата земја.
Се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни во понеделник и вторник (27 и 28 октомври). На овие денови, врнежите локално ќе бидат проследени и со појава на грмежи.
Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и југозападен правец, кој локално ќе достигнува брзина до околу 80 км/час. Во Скопје и околината, пообилни врнежи ќе има во понеделник и вторник, а ветерот ќе биде повремено силен.
Температурите до понеделник (27 октомври) ќе останат натпросечно високи, додека од вторник (28 октомври) се очекува позначително заладување и продор на ладен воздух од север. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег, а ветерот ќе биде засилен од северен правец.

Македонски








