
Денеска до 12:00 часот, на територијата на Република Македонија се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари (6)
Македонски Брод – Повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума)
Долнени – помеѓу селата Лажани и Кошино (ниска вегетација)
Лозово – с. Бекирлија (шумски пожар, смрека)
Куманово – с. Романовце (ниска вегетација и стрниште)
Липково 1 – с. Слупчане (ниска вегетација и борова шума)
Липково 2 – с. Лојане, кон с. Миратовце (ниска вегетација и стрниште)
Под контрола (1)
Јегуновце – помеѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орашје (пасишта и мешана шума)
Изгаснати (3)
Штип – ул. Вељко Влаховиќ бр. 1 (ниска вегетација)
Бутел – с. Лубанци (ниска вегетација)
Куманово – с. Табановце и с. Лојане, место викано „Сланишта“ (ниска вегетација и стрниште)