
Во попладневните и вечерните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информира УХМР.
Од утре ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи, а во петок ќе дува засилен југозападен ветер.
Под влијание на нов влажен бран во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално во форма на невреме со пообилен дожд (над 30л/м2), проследен со грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.