
Ноќеска, во 3 часот по полноќ, почнува зимското сметање на времето.
Часовникот ќе се врати еден час наназад, односно ќе биде 2, а денот ќе трае еден час подолго од останатите во годината.
Со промената на времето се добива повеќе дневна светлина во утрата, но и порано се стемнува попладне.
Зимското сметање на времето секоја година почнува во последниот викенд од октомври, а трае до последниот викенд на март, кога часовникот повторно се поместува еден час понапред.
Летното сметање на времето првпат е воведено во Германија во 1916 година, со цел работниот ден да се одвива што е можно подолго додека е ден, а и за да се заштеди на струја.
По Германија, уште 70 држави ја прифатиле промената на времето, па оваа пракса трае и денес.
Во 2019-та Европскиот парламент поднесе иницијатива да се укине праксата за поместување за часовникот и промената на времето, а секоја држава сама да реши дали ќе го задржи летното или зимското сметање на времето.
Но, и по 6 години, ова во ниедна земја ова не се спроведе во пракса, а часовникот, како и од 1916-та година се менува двапати годишно.
Идејата зад зимското сметање на времето е максимално да се искористи дневната светлина во зимските месеци.
Сепак, зимската и летна промена на времето има големо влијание врз луѓето.
Истражувањата покажале дека менувањето на времето не само што може да има влијание врз сонот, туку и врз расположението, концентрацијата, па дури и апетитот.

Македонски








