
Претпладне времето ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми, најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, додека на повисоките планини се очекува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Максималната температура денес ќе се движи од 6 до 10 степени. Во Скопје, времето ќе биде облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе достигне до 7 степени.
Минималните температури изнесуваат: -5° во Берово, -4° на Попова Шапка, -3° во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Велес, Тетово, Струмица, Битола, -2° во Штип, Прилеп и Демир Капија, -1° во Скопје-Зајчев Рид, Кавардарци, Крушево, Маврови Анови, Ѓуриште, Пожаране, Виница, Гевгелија и Претор, а 0° во Тополчани и Охрид.
Навратниот воден талог за изминатите 24 часа изнесува 6 l/m² во Демир Капија и Штип, 4 l/m² во Радовиш, Пожар, Кавадарци и Виница, 3 l/m² во Струмица, 2 l/m² во Прилеп и Берово, и 1 l/m² во Крива Паланка, Крушево, Битола, Тополчани, Велес и Попова Шапка.
Висината на снежната покривка до 07 часот изнесува 30 cm на Попова Шапка.

Македонски




