Skip to main content

Метео предупредување: Топлиот бран продолжува, но доаѓа невреме во Македонија!

Влијанието на топлиот бран со потекло од Африка во Македонија продолжува и во следните денови, меѓутоа, особено во четврток и во петок (5 и 6 јуни) поради фронтална долина со поладен воздух во висина која ќе се наоѓа над нашиот дел од Европа, во попладневните и во вечерните часови ќе има локално дестабилизирање на атмосферата кај нас, најавува Славчо Попоски.

Во ваква ситуација, локално ќе се развиваат грмотевични конвективни облаци со појава на пороен дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност. Локално пак можна е и појава на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град, кој поради заграната атмосфера и исполнета со енергија, би можел да биде и крупен, најавува Попоски.

И во делови од Скопскиот регион во погоре споменатиот период ќе има услови за нестабилност, проследена со врнежи, грмежи, силен ветер и со услови за појава на невреме.

Апелирам во случај на појава на невреме, граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер, апелирам на внимателност кај граѓаните, особено оние со автомобили, односно, истите автомобилите да ги ставаат понастрана од дрвја, и тоа осбено под оние дрвја кои се осамени, предупредува Попоски.

Поврзани вести