Skip to main content

Доаѓа вистинска есен – голем пад на температурите и почести врнежи!

dae jeung kim from Pixabay

Уживајте до четврток во убавото време со многу сонце. Според Метео аларм веќе од петок (26 септември) па во деновите потоа во нашата Република Македонија ќе дојде до значителна промена на времето проследена со зголемена облачност, повремени локални врнежи од дожд, повремено поројни и пообилни и проследени со грмежи како и со умерен, а во Повардарието повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, од петок (26 септември) а особено за викендот значително ќе опаднат и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои ги имаме сега и максималните дневни температури на воздухот за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот само од 14 до 21 степен.

Поврзани вести