Skip to main content

Денеска и 37 степени, утре уште пожешко

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 10 до 37 степени.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 37 степени.

Утре исто така нè очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб со умерен ветер од јужен правец.

Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Кон средината на неделата ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Поврзани вести