Skip to main content

Шакиров: Го читаш името на онкологот кој ја „лекуваше“ мајка ми, под него рамнодушно – „несоодветно лекувана“

Фејсбук/Елвин Шакиров

По поднесените обвиненија во предметот ,,Онкологија” во кој лекари – онколози и поранешни директори на Онкологија се товарат за тешки кривични дела, односно се обвинети за злоупотреба со скапа терапија и тешки дела против здравјето на луѓето, 24-годишниот Елвин Шакиров oд Штип, студент при Универзитетот „Гоце Делчев“ и иден онколог, со потресна објава на социјалните мрежи го споделува чувството кога го прочитал името на онкологот кој ја „лекувал“ мајка му меѓу обвинетите.

Ја отворам објавата. И нешто ме гризе уште пред да почнам да читам.

Го чувствувам. Тој познат стег во градите. Тоа шепотење во мене:

„Сега ќе те боли…“

И го читаш името на онкологот кој ја „лекуваше“ мајка ми.

И под него – студено, рамнодушно, како нешто да вреди помалку од човечки живот –

„несоодветно лекувана“.

Таа не беше бројка, таа не беше само дијагноза таа беше лавица која се бореше до последната воздушка за својте деца.

Поради вас…

Јас цел живот се чувствувам половично.

Ми ја украдовте мајка ми. Ми го распарчавте детството.

И тоа никој не може да го врати.

Знам дека и покрај сето воа вие ќе си продолжите да си функционирате нормално и знам дека ништо нема да ви биде во овој свет, ама со сигурност ЗНАМ дека ќе ви биде во еден друг свет каде што навистина постои ПРАВАДА и таа правда ќе ве стигне брзо. БИДЕЈЌИ ВИЕ ОСТАВИВТЕ МНОГУ ДЕЦА БЕЗ МАЈКИ….

За на крај докторка,

На рецидив кој се јавува по пет години не може да се ординира терапија врз основа на примарната биопсија, потребна е нова биопсија за адекватна проценка и терапевска стратегија, пишува тој.

На крај додава: Децата сакам да растат со мајчинска љубов. Токму таа желба ми ја обликува мисијата, која ќе пулсира во мене сè до моето последно срцево отчукување.

Поврзани вести