
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на толеранцијата 16ти ноември,
нашиот клуб организира настан „Осамени и ние и тие (како се започна)“
19 ноември 2025 (среда), 18:30 часот
Кинотека на Македонија
Драги пријатели,
Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа годинава по деветти пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на толеранција 16ти ноември, со настан под слоганот ОСАМЕНИ И НИЕ И ТИЕ (како се започна). Оваа тема ја третира осаменоста на повеќе категории граѓани.
Трибината ќе се одржи на 19ти ноември 2025 година (среда), во Кинотека на Македонија, со почеток во 18:30 часот.
Настанот ќе го отвори претседателката на клубот, Гена Теодосиевска. Потоа следува проекцијата на краткиот игран филм „Обичната Ели“ на режисерката Лавинија Софрониевска.
На трибината со свои искажувања учество ќе земат:
- Лаура Салиу, претставник на социјалниот сервис Итно копче при Црвен крст на град Скопје
- Елеонора Андонова, социјален работник при Црвен крст на град Скопје
- Ивона Ѓорѓиева, психолог од Црвен крст на град Скопје
- Тиана Ивановска, психолог од центарот Себесложувалка
- Игор Џамбазов, актер
Модератор на настанот ќе биде Гена Теодосиевска
По завршување на настанот клубот организира дружење во фоајето на Кинотека на Македонија.
Ќе ни претставува особена чест и задоволство доколку присуствувате на овој настан. Веруваме дека оваа предавање и дискусија ќе ни помогне на сите нас полесно да ги разбереме и и да им помогнеме на осамените меѓу нас.

Македонски








