
Во словенската традиција организирањето на домот се поврзувало со благосостојба и здравје. Според овие верувања, нередот во кујната може да доведе до прејадување или хаотични оброци, што често резултира со дебелина.
Ова се само дел од грешките што ги правиме:
- Хаосот и нередот ја збунуваат енергијата и водат до импулсивно грицкање;
- Потскршениот прибор за јадење или садови, како и расипаните кујнски апарати, рингли и слично го попречуваат протокот на изобилство;
- Темните агли и недостатокот на светлина симболизираат недостаток на виталност и го поттикнуваат човекот да го компензира преку храна;
- Мешањето на просторите за готвење и јадење ја замаглува линијата помеѓу процесот и резултатот, што го отежнува чувството на ситост;
- Неправилното складирање на храната (на видно место, во неред) – предизвикува визуелно искушение.
Доколку ги следите древните словенски принципи, кои потсетуваат на кинескиот фенг шуи, може да си ги подобрите навиките во јадењето и здравиот живот.
Пет принципи
1. Исчистете го просторот:
Oслободете се од испукани садови, стар прибор, непотребни предмети, расипани машини…
Одржувајте ги вашите работни површини уредни, бидејќи празна работна површина води до контрола на апетитот.
2. Поставете го шпоретот правилно
Кога подготвувате храна, треба да стоите свртени кон исток – храната е заситена со енергијата на изгрејсонцето, тогаш станува добра и покорисна за оние кои ја консумираат, според словенските верувања.
Не го оставајте шпоретот валкан преку ноќ – го плаши просперитетот.
3. Создадете црвен агол за јадење
Масата за јадење постелете ја со црвен чаршав
Ставете паричка (симбол на изобилство) или сува билка (кантарион или нане) под чаршавот за да ја исчистите енергијата.
Пред јадење заблагодарете се за храната.
4. Чувајте ја храната на старомоден начин
Користете дрвени гајби или плетени корпи за чување на храната, лебот, зеленчукот, овошјето… – природните материјали ја хармонизираат енергијата; Грицките и слатките ставете ги најназад во шкафовите или покријте ги со ленена крпа; Не го ставајте фрижидерот спроти влезот – тоа ја ослободува енергијата на изобилството.
5. Користете природни елементи
Растенија: саксија со босилек или нане на прозорецот – го расчистува просторот и ја намалува желбата за благо;
Текстил: ленени или памучни чаршафи и крпи – ја зајакнуваат врската со земјата и природата;
Дрво: даските за сечење нека се направени од даб или бреза – симболизираат сила и здравје;
Светлина: Користете топла светлина и свеќи – тие создаваат пријатна атмосфера и го насочуваат вниманието кон храната.
Извор: сенса.рс

Македонски


