
Министерството за здравство попладнево информира дека прави максимални напори за обезбедување на потребната терапија за пациентите со ретки болести, дека тие непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија, вклучувајќи го и лекот за туберозна склероза – „сиролимус“.
– Инаку, со новиот Закон за лековите се предвидени и побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови преку модернизација на системот, скратување на времето за нивна достапност, како и воспоставување систем за следење на снабдувањето и спречување евентуален недостиг. Исто така, покрај воведување тригодишен модел на јавна набавка како стратешка промена во 2026 година, што е од витално значење за пациентите, истовремено е проширена техничката спецификација со 12 нови лека. Со оваа нова јавна набавка државата ја презема обврската за обезбедување 72 лека, што претставува значајно зголемување на бројот на опфатени лекови во споредба со претходните години, со што директно се зголемува и бројот на пациенти што добиваат бесплатна и современа терапија преку Програмата на МЗ за лекување ретки болести, пишува во соопштението на Министерството.

Македонски


