Skip to main content

Нова Прогностичка единица во УХМР: Технологија и иновации за унапредување на безбедноста на населението

Во рамките на Проектот за зголемување на отпорноста од поплави, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) успешно ја заврши реконструкцијата и модернизацијата на просторот за новата Прогностичка единица и ситуациската соба.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, новоформираниот простор, кој се протега на 200 квадратни метри, е целосно опремен со напредна електронска и компјутерска технологија, што значително ќе го зголеми капацитетот на УХМР за прецизно предвидување и управување со временските услови. Проектот, реализиран преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), опфаќа реконструкција на инфраструктурата, набавка на современа опрема и мебел, како и целосно дигитализирање на процесите.

-Со воведувањето на новата Прогностичка Единица, УХМР ќе има можност да собира и обработува податоци од автоматски метеоролошки, агрометеоролошки и хидролошки станици распоредени низ целата земја. Ова ќе овозможи брзо и ефикасно генерирање на прецизни прогнози, како и интеграција на податоци од различни извори, вклучувајќи радарски слики од станиците во Ѓуриште и Тополчани, како и сателитски податоци, се наведува во соопштението.

Од УХМР информираат дека иновативниот пристап овозможува следење на временските услови во реално време, што значително ја подобрува способноста за рано препознавање на екстремни временски појави, намалувајќи го времето потребно за идентификација и реакција.

-Модернизираната инфраструктура ќе го зголеми капацитетот на системот за брзо предупредување, што ќе овозможи непречена размена на информации меѓу УХМР, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. На овој начин, населението ќе добива навремени и точни предупредувања за ризици од поплави, невреме и други екстремни временски настани, што е клучно за заштита на животите и имотот, се наведува во соопштението.

Управата за хидрометеоролошки работи со оваа иницијатива го поставува стандардот за напредно управување со метеоролошките и хидролошките предизвици, осигурувајќи повисока безбедност и поголема подготвеност на заедницата. 

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escortcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel giriş