Skip to main content

По 37 години Ана Винтур ја напушта уредничката позиција во американскиот „Вог“

Википедија

По 37 години Ана Винтур ја напушта уредничка позиција во американскиот „Вог“, кој го уредува уште од 1988 година, пренесуваат странските медиуми.

Винтур ќе продолжи да биде глобален главен уредник за содржини за издавачката куќа „Конде Наст“ и глобален уреднички директор на „Вог“.

Како главен уредник за содржини, Винтур ги надгледува следните списанија низ целиот свет: „Вајерд“, „Венити фер“, „Џи-кју“, „Конде Наст травелер“, „Гламур“ и други.

Ана Винтур првпат стана креативен директор на американскиот „Вог“ во 1983 година, беше главен уредник на британското издание на модната библија од 1985 до 1987 година, а потоа повторно се приклучи на американскиот „Вог“. Во 1988 година, Винтур ја презеде позицијата главен уредник на „Вог“. Таа е првата жена и на Мет Гала, најважниот моден настан во годината.

Таа го промени светот на модата.

Нејзината замена уште не е именувана.

Поврзани вести