
Потребни состојки:
120 г омекнат путер, 6 лажици масло, 150 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 прстофат сол, 2 јајца, 250 г свежо полумасно сирење (крем сирење – маскарпоне), 370 г брашно, 1 прашок за печиво, 5 лажици млеко, 150 г суви кајсии (омекнати во ликер), 100 г суво грозје (омекнато во ликер) и шеќер во прав за наросување.
Постапка:
Намастете го и набрашнете го калапот за куглоф. Сувите кајсии исечкајте ги. Омекнатиот путер изматете го пенасто со миксер. Едно по друго додавајте и матете: масло, шеќер, ванилин шеќер и сол.
Миксајте додека сите состојки да се соединат. Додајте едно јајце и матете половина минута со најголема брзина, па додајте го второто јајце. Брзо додајте го и изматете го сирењето.

Промешајте го брашното и прашокот за печиво, просејте ги, па половината додајте ја во смесата матејќи на средна брзина.
Додајте млеко, па втората половина од брашното. Сувото грозјте и исечканите суви кајсии додајте ги и измешајте ги со најмала брзина.

Тестото излејте го во калапот и израмнете. Печете го 60-тина минути во загреана рерна на 180 степени. Печениот куглоф оставете го 10 минути во калапот, а потоа извадете го на решетка.


Македонски




