Skip to main content

Сиров чизкејк со чоколадо и лешници: Ем вкусно, ем здраво и лесно за приготвување!

Тортите не мора да бидат комплицирани и со куп шеќер, можат да бидат брзи, лесни за приготвување и најважно од сѐ – здрави! Викторија Спенџарска (@vegan_viki_) ни сподели рецепт за сирова, посна торта со внимателно одбрани намирници, кои нема да го остават рамнодушно ниедно непце.

Состојки:

За базата:
100 г лешници
10 свежи урми
прстофат сол

За филот:
200 г сирови индиски ореви (потопени во вода преку ноќ па исцедени)
2/3 конзерва кокосово млеко
2 лажици агаве/мед или друг засладувач
1 лажица какао

За декорација:
100 г темно чоколадо
2 лажици кокосово млеко
20 г сечкани лешници

Приготвување:

  1. Најпрво, изматете ги состојките за базата во моќен блендер или процесор за храна и ставете ја смесата во калап за торти обложен со хартија за печење. Ставете во замрзнувач додека го приготвувате филот.
  2. Блендирајте ги сите состојки за филот (освен какаото) на најјако додека се добие кремлива структура. Истурете половина од филот врз смесата од урми и лешници и вратете ја во замрзнувач. Додајте го какаото во другата половина, па вратете ја и таа во замрзнувач барем 4-5 часа.
  3. На крај, стопете го чоколадото на пареа заедно со млекото и декорирајте ја тортата. На здравје.

Поврзани вести