
Празот не е омилен зеленчук на секого, но во овој малку понеобичен начин на подготовка на чорби, празот е вистинската ѕвезда!
Состојки:
- 500 грама компири
- 1 цел праз
- 2,5 дл вода
- 2,5 дл млеко
- 1 коцка за супа
- 1 мал кромид
- 2 парчиња чадена сланина
- 2 лажици брашно
- сув зеленчук, бибер
- околу 6 дл млака вода
Подготовка:
Исчистете ги компирите и исецкајте ги на коцки, додадете 2,5 дл вода, иста количина млеко и една коцка за супа. Во меѓувреме, добро измијте го празот и исечете го на прстени. Кога компирите малку ќе омекнат, додадете го празот. Во посебна тава, ситно исецкајте ја сланината и лесно запржете ја. Додадете го ситно сецканиот кромид. Лесно запржете сè заедно. Посипете со 2 лажици брашно и прелијте го во празот и компирите. Прелијте сè со 6 дл млака вода и гответе околу 25 минути. Кон крајот, зачинете го јадењето по вкус. Гответе уште неколку минути и сервирајте.

Македонски








