Skip to main content

Плескавици од компири и блитва: Готови се за миг, а повкусни се од месо

Принтскрин Јутјуб

Најдобриот рецепт за плескавици од компири и блитва

Состојки (за 8-10 парчиња):
500 г компири
200-250 г блитва (може и спанаќ)
1 поголемо јајце
2-3 лажици брашно (или лебни трошки)
1 главица кромид (ситно сечкан)
2 чешниња лук (иситнети)
сол и бибер по вкус
прстофат мускатно оревче (опционо)
масло за пржење (или печење во рерна)


Приготвување:
Сварете го компирот (излупен или со кора, по желба), потоа испасирајте до додека сè уште е топол и оставете го да се олади малку.

Обарете ја блитвата кратко (2-3 минути во зовриена вода), па добро исцедете ја со раце и ситно исечкајте ја.

Во сад измешајте пасиран компир, сечкана блитва, јајце, кромид, лук, сол, бибер, мускатно оревче и брашно (или лебни трошки). По потреба додајте уште малку брашно, ако смесата е премногу мека.

Обликувајте плескавици со влажни раце.

Пржете ги на средна температура на малку масло, додека добијат златнокафена боја од двете страни (3-4 минути по страна).

Можете да ги печете и во рерна – наредете ги на плех обложен со хартија, премачкајте ги со тенок слој масло и печете ги 20-25 минути на 200 степени додека заруменат (превртете ги на пола печење).

Поврзани вести