
Спанаќот е богат со железо, но содржи и оксална киселина. Оксалната киселина го врзува калциумот и го прави неупотреблив за човечкиот организам. Според неодамнешните истражувања, спанаќот не се препорачува како честа храна за млади и деца, но е одлична храна за постари лица. При готвење спанаќ, првата вода треба да се исфрли. Содржи нитрати, па затоа зготвениот спанаќ не треба да се остава за друг оброк.
Состојки:
1 кг свеж спанаќ
1 л млеко
3-4 лажици брашно
0,5 дцл маслиново масло
3-5 чешниња лук
1 лажица сув зачин
бибер по вкус
сол по вкус
Подготовка:
Пржете го лукот многу кратко во маслиново масло, додадете го брашното и уште масло доколку е потребно, пржете кратко и промешајте, додадете го сварениот и ситно исецкан спанаќ и прелијте го со млекото, додадете сув зачин, бибер и сол доколку е потребно. Гответе уште 15-20 минути. Уживајте во оброкот!

Македонски








