
Потребни состојки
• 650 г брашно
• 3 јајца (на собна температура)
• 20 г свеж квасец или 7–8 г сув квасец
• 15 г сол
• 10 г шеќер
• 200 мл млеко (млако)
• 100 мл вода (млака)
• 30 мл масло
• 150 г путер (омекнат, на собна температура)
• 1 јајце + малку млеко (за премачкување)
• НМД
Лесна и брза лисната погача што дише и мириса – мека како памук и богато лисната. Совршен домашен рецепт со сигурен успех.


Постапка
Во длабок сад измешајте го млакото млеко, млакaта вода, шеќерот, солта и квасецот. Промешајте додека состојките да се соединат. Додајте го маслото и јајцата на собна температура, па повторно измешајте.
Постепено додајте го брашното и замесете средно меко, мазно тесто. Покријте го со фолија и оставете го на топло место околу 45 минути, односно додека да го зголеми волуменот.
Нараснатото тесто кратко премесете го и истресете го на лесно набрашнета работна површина. Покријте го и оставете го да одмори околу 10 минути. Потоа развлечете го во голема кора, по потреба посипувајќи со малку брашно.
Целата површина премачкајте ја со омекнатиот путер. Започнете со диплење: преклопете од едната страна во широчина од околу четири прсти и продолжете да преклопувате на ист начин додека да добиете долгнавест правоаголник.
Потоа преклопете ја едната страна до средината, а врз неа и другата страна, за на крај да добиете компактна, дебела форма во вид на коцка. Покријте и оставете да одмори уште 10 минути.
Нежно притиснете го тестото со рацете, па повторно развлечете го со сyкало во голема кора. Исечете ја на ленти со широчина од околу 2 см. Спојувајте по три ленти, најпрво на врвот, па лесно завиткајте ги спирално.
Првата спирала свиткајте ја во форма на полжав и ставете ја во средината на тепсија обложена со хартија за печење. Продолжете да ги надоврзувате останатите ленти додека да се исполни целата тепсија.
Изматете едно јајце со малку млеко и премачкајте ја погачата. Покријте ја и оставете ја да нарасне уште околу 20 минути.
Печете во претходно загреана рерна на 220 °C, 30–35 минути, додека да добие убава златно-румена боја.
Совети за совршен резултат
• Путерот мора да биде мек, но не растопен
• Не ја прескокнувајте фазата на одморање на тестото – таа е клучна за лиснатата структура
• Погачата најубава е кога е свежо печена, но останува мека и следниот ден.

Македонски




