Новата година е на прагот, а тоа е време кога на сите страни ќе стигнуваат пораките со желби за среќна, бериќетна, весела, исполнета, успешна и полна со љубов година.
При испраќањето честитки, тоа што е најважно, секако е помислата, но важен е и начинот на кој ги искажувате вашите најубави и најискрени желби. Тоа е особено важно кога им посакувате среќни празници на вашите деловни соработници, клиенти или спонзори.
Писменоста и убавото точно изрзување е важен елемент што го забележуваат многу луѓе, па затоа, ако не сакате потенцијалниот партнер или пак, и партнер или партнерка да се разочараат од вашето непознавање на правописот, проверете те го текстот во честитката пред да ја испратите.
Затоа, потсетете се дека имињата на празниците се пишуваат со голема буква, при што само првиот збор се пишува со голема буква, освен ако не се лични имиња.
Тоа значи дека во честитката треба да стои Нова година, како што е и Први мај, Божиќ/Божик, Бајрам, Единаесетти октомври, Осми септември… (Ако пишувате бројка, тогаш првиот збор е со голема буква – 11 Октомври).
Поради тоа, кога овие прници ќе сакате да честита некому, честитајте со:
Среќна Нова година!
Честит Божик/Честит Божиќ!
Среќни новогодишни и божиќни празници!