Skip to main content

Набљудување на Месечината во Кочани со Скопското астрономско друштво

Скопското астрономско друштво и ЦПКА – Малинска, вечерва, на платото пред НУЦК „Бели мугри“ во Кочани со почеток од 19 часот ќе овозможат набљудување на Месечината.

Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да се придружат и да го погледнат одблизу природниот сателит на нашата планета.

Активноста се реализира како најава за содржините од програмата за млади „Лето во друштво“, којашто ќе трае од 11 до 23 август.

Поврзани вести