Skip to main content

Многумина го избегнуваат ова: Кинезите веруваат дека не треба да се чисти домот или да се перат алишта на Нова Година

Кинезите традиционално веруваат дека чистењето во првите неколку дена од новата година, а особено чистењето на Нова година, носи лоша среќа.
Првиот ден од кинеската Нова година започнува кога се појавува младата Месечина, односно помеѓу 21 јануари и 20 февруари. Кинеската Нова Година е позната и како Лунарна Нова Година.
Овој народ верува дека ако ја исчистите куќата на Нова година, всушност ја „бришете“ целата среќа што ви била наменета таа година. Многумина поради ова верување чекаат да поминат неколку дена пред да се посветат на чистењето.
Покрај тоа, исто така не треба да ја перете облеката на Нова Година. Се верува дека тоа ќе ја „измие“ среќата. Кинезите наведуваат дека тоа не треба да се прави бидејќи тоа значи дека во текот на годината ќе бидете „казнети“ со тоа што ќе имате повеќе облека за перење.
Значи, доколку сакате да ги избегнете овие проблеми, треба да ги извршите сите обврски поврзани со чистење на домот, перење алишта и слично пред Нова година.

Поврзани вести