Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500 години) но со реорганизирање на здружението Св.Василиј и надополнување на содржини навршуваат 26 години . Жителите ги привршуваат последните подготовки, се дотеруваат маските се набавуваат дрва за василичарскиот оган.
Организирањето на една ваква манифестација носи голема одговорност. Најголема помош се добива од ентузијастите –волонтери од здружението “Св Василиј” од с.Куратица, иселениците од дијаспората и локалната власт.
Традиционалниот дел остана оригинален, пренесуван од колено на колено, кој почнува на 13 ти јануари оваа година околу 16 часот со зетот, невестата, бајачот валегачот, музикантите и учесници кои секој на свој начин маскирани тргнуваат во посета на сите домаќинства за бркање на лошите работи од домот и носење радост во домовите, предвидено е поворката да заврши околу 23:30 по што заедно со групата и селаните ќе има заеднички собир на курајчкото сретсело.
Главната манифестација, односно карневалот под маски е предвидено да започне 14.01 од 19 часот , што ќе кулминира со главното дефиле под маски по што ќе бидат прогласени и најуспешните маски. За посетителите да им биде вечерта повесела програмата ќе ја водат Маја Бимбилоска и “чудниот” “ Wik Kakarotski” со група Маестрал, Василија Петрова и Методија Столески, а карневалот ќе заврши со огномет.