
Радовиш викендов ќе биде центар на македонскиот спорт и забава. Во сабота, на 30 мај, ќе се одржи јубилејното 50-то издание на меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“, настан кој ветува незаборавно искуство за сите генерации.
Програмата започнува во 13:30 часот со отворање на богатата Fan Zone на платото пред спортската сала „25 Мај“. Посетителите ќе можат да уживаат во DJ сет на Зоки Бејбе, интерактивни игри како „Тркало на среќата“, Photo Booth и зона со бесплатна храна и освежување. Кулминацијата на забавата на отворено ќе биде во 16:00 часот со големиот музички настап на Пајак.
Пред почетокот на финалните борби во 17:30 часот, во салата ќе биде промовирана и монографијата „50 години Македонски бисер“. Свеченото отворање ќе биде заокружено со интонирање на химната, по што ќе започнат борбите за престижните трофеи.

Македонски


