Skip to main content

Пред три знаци се мнооогу пари во април, тврдат кинеските астролози

фото: Freepik

Кинеските астролози тврдат април ќе биде генерално стабилен месец за сите хороскопски знаци, но само некои од нив ќе доживеат финансиски процут. Три хороскопски знаци можат да очекуваат прилив на многу пари во април.

Тигар (1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010 година)

Ни тигрите им беше прилично тешко последниов период. Неколку месец им се собираа нерешени проблеми, кои им ја нарушија материјалната стабилност. Но од 12. април, ѕвездите ќе им бидат наклонети, а среќата ќе ги следи на секој чекор. За еден месец, тигрите може да добијат унапредување, одлична понуда за работа, дури и нов извор на приходи.

Коњ (1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014 година)

Лицата родени во знакот коњ се родени работохоличари, па не е ни чудо што напорната работа и труд конечно ќе им се исплатат. Во април ги очекува нов пресврт во кариерата и работата, кој ќе им обезбеди голем прилив на пари и напредок. Ѕвездите ќе им бидат наклонети до средината на мај, па астролозите советуваат максимално да го искористат овој период.

Свиња (1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019 година)

Ако во семејството имате некој што е роден во овој знак, никогаш нема да морате да се плашите од сиромаштија. Иако понекогаш свињите се соочуваат со проблеми и тешкотии, порано или подоцна, среќата секогаш почнува да ги следи. Од 12. април можат да го очекуваат само најдоброто, а финансиската состојба значително ќе им се подобри. Новите извори на приходи, потпишувањето големи договори и понудите за работа не се исклучени.

Поврзани вести