Skip to main content

ИЈЗ советува што да направите ако не се чувстувате добро на жешкото време

Фејсбук профил на Институт за јавно здравје (ИЈЗ)

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави препораки како граѓаните да се заштитат додека трае топлиот бран што ја погоди Македонија, а подели и совети што да се прави ако не се чувствуваме добро.

  1. Ако чувствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преселете се во постудено место колку што е можно побрзо и измерете ја својата телесна температура.
  2. Консумирајте вода или негазиран минерален пијалак за да се рехидрирате.
  3. Ако имате болен мускулен грч, најчесто во нозете, рацете и стомакот, веднаш одморете се на студено место и консумирајте течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.
  4. Ако некој член од Вашето семејство, или лице на кое помагате, има топла и сува кожа, грчеви и/или е во бессознание, веднаш повикајте 194 или 112; Додека се чека итната медицинска помош префрлете го на студено место и ставете го во хоризонтална положба, и подигнете ги нозете над 20 см висина.
  5. Отстранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење, како студени облоги на вратот, пазувите и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода.
  6. Не давајте терапија.
  7. Ако лицето е во бессознание, поставете го во бочна положба.
  8. Консултирајте се со својот доктор во случај ако почуствувате невообичаени симптоми/знаци, или ако истите траат подолго.

Имајќи ги предвид изнесените информации, Институтот за јавно здравје упатува апел до граѓаните да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита од топлотен стрес и да обрнат посебно внимание на ранливите групи во популацијата.

Поврзани вести