
Второто издание на фестивалот „Расплет“ ќе се одржи денеска( 8 август), кај Споменикот на слободата во Кочани.
„Роден од потребата за колективно закрепнување по трагичниот пожар во дискотеката ‘Пулс’, фестивалот прерасна во простор каде музиката, уметноста и заедништвото стануваат двигатели на надежта, солидарноста и новите почетоци“, велат организаторите.
Минатата година сите собрани донации беа наменети за „Support Kocani“, а годинава средствата ќе бидат донирани на организацијата „Љубезност од Скопје“, која секојдневно обезбедува поддршка за бездомни лица и луѓе од ранливи социоекономски категории.

Македонски


