
БИТ ФЕСТ добива изложба што не се гледа само со очи, туку се доживува на посебен начин. На 8
август, во 20:00 часот, во Офицерски дом, во рамките на Битолското културно лето, Никола
Крнчев и Раде Најдовски ќе ја претстават „ЖИВ ЅИД“ – изложба на фрески и икони со која
одбележуваат 25 години заедничко творештво.
Нивните фрески и икони се дел од храмови, но и од колективната меморија на генерации. Преку
нив, бојата станува молитва, ѕидот – жив сведок, а уметноста – трага што го надживува времето.
„Бидете дел од НАШАТА МОЛИТВА ВО БОЈА…“, стои во поканата од авторите на изложбата.
„ЖИВ ЅИД“ е приказна за 25 години творење, но и за уметност која продолжува да живее.

Македонски


