Skip to main content

Дрон од Романија долета во Бугарија и експлодираше во близина на Трансбалканскиот гасовод

Дрон денеска влезе во бугарскиот воздушен простор од Романија и експлодираше во близина на меѓународен гасовод.

Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека дронот експлодирал кратко по пет часот утрото, околу 100 метри на територијата на неговата земја.

Леталото не било идентификувано за време на летот ниту низ романскиот. ниту низ бугарскиот воздушен простор.

„Нема жртви, ниту штети на зградите. Областа е оградена. Продолжуваме да ја следиме ситуацијата“, рече Радев по вонредната седница на Владата.

Тој изјави дека дронот експлодирал на околу 200 метри од романската компресорска станица и околу еден километар од бугарската компресорска станица на Трансбалканскиот гасовод.

„Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и да го зајакнеме надзорот. По овој инцидент, ќе ги преместиме и капацитетите на граничната полиција за откривање и контрамерки на дронови од границата со Турција до границата со Романија“, рече Радев.

Засега останува нејасно од каде дошол дронот, ниту дали е поврзан со Русија или Украина.

Бугарскиот министер за одбрана, Димитар Стојанов, најави дека повеќе информации ќе бидат кажани за инцидентот на состанокот на Северноатлантскиот совет на почетокот на следната недела.

Поврзани вести