
Најпознатиот руски астролог Тамара Глоба тврди дека еден хороскопски знак ќе помине многу лошо овој август
Тамара Глоба открива дека од почетокот на август еден хороскопски знак ќе биде на удар на тешки околности. Наместо мир и леснотија, ги очекува период полн со предизвици, кога ќе мора да бидат особено внимателни и да ги чуваат и телото и паричникот.
Здравјето на удар
Знакот познат по својата емотивност и интуиција овој пат ќе биде ставен на тест. Од 15 август ќе биде изложен на поголем ризик од влошување на хроничните болести и појава на скриени проблеми.
„Не преценувајте ја својата сила и слушајте што ви порачува телото“, советува Глоба.
Финансиски потреси на средината од месецот
Неочекувани трошоци, намалување на приходите или проблеми со инвестициите, сето тоа го очекува овој знак околу средината на август. Затоа, се препорачува уште сега да почнат да штедат и да одбегнуваат поголеми трошоци.
Од 2 до 8 август опасност на секој чекор
Ова е период кога се зголемува ризикот од повреди. Глоба го советува овој знак да одбегнува екстремни спортови и физички напори, да биде внимателен во сообраќајот и ако може, да ги одложи далечните патувања.
Како да го ублажите ударот?
Одморајте што повеќе и полнете ги батериите.
Одбегнувајте конфликти и стрес.
Не донесувајте крупни финански одлуки.
Носете талисман од горски кристал или аквамарин за дополнителна заштита.
Станува збор за рибите, кои август 2025 ќе го паметат по искушенијата, но и можноста да станат посилни. Ако ги следите овие совети и ја слушате интуицијата, ќе можете да ја намалите штетата и да ја сочувате енергијата за подобри времиња.