
При уредување на стан, повеќето од нас избираат бои според нашиот личен вкус, но малкумина размислуваат за тоа како боите влијаат на нашето расположение, енергија и атмосфера во нашиот дом. Психологијата на боите открива дека погрешниот избор на нијанса може да создаде чувство на непријатност, тага, па дури и да го зголеми стресот.
Особено е важно да се обрне внимание на дневната соба, бидејќи тоа е просторот каде што поминуваме најмногу време со семејството и пријателите.
Како боите влијаат на расположението
Експертите нагласуваат дека секоја боја има силен психолошки ефект:
–Сината носи смиреност и рамнотежа, идеална за релаксација
–Зелената симболизира природа, свежина и емоционален мир
–Црвената ја стимулира енергијата и страста, но во премногу количина може да предизвика напнатост
–Белата се поврзува со чистота, мир и едноставност
Неутралните нијанси како беж и сива се одлична основа за секој стил на уредување.
Симбол на елеганција, но и лоша енергија
Иако изгледа софистицирано и модерно, црната се поврзува со тага, несреќа и емоционална тежина во психологијата и во многу култури. Прекумерната употреба на црна боја во домот може да создаде чувство на вознемиреност, студенило и лошо расположение, особено во просториите каде што поминуваме многу време. Затоа, препорачливо е црната боја да се користи само како акцентна боја, преку детали како перници, рамки или декорации, но не како доминантна нијанса на ѕидовите или големиот мебел.
Светлината е клучна при изборот на бои
Природното осветлување игра огромна улога во доживувањето на боите. Во простории со многу светлина, можно е да се користат потемни нијанси, додека во помалку осветлени простории се препорачуваат посветли и потопли бои кои визуелно го отвораат просторот.
Најдобар резултат е комбинација од:
-една доминантна боја за ѕидовите
-една до две акцентни нијанси
-неутрални бои за мебел
Ако сакате дом каде што ќе се чувствувате смирено и удобно, размислете двапати пред да посегнете по темни нијанси. Психологијата на боите јасно покажува дека црната, иако елегантна, може да донесе негативна енергија ако се користи прекумерно. Паметниот избор на бои може целосно да ја промени атмосферата во куќата – и вашето расположение.

Македонски




