Skip to main content

Зеленски: Русија продолжува да купува странски компонентни за дронови и ракети, заобиколувајќи ги санкциите

Русија продолжува да купува странски компоненти за производство на оружје, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Фејсбук.

Тој нагласи дека Украина очекува системско решение од состанокот на координаторите за санкции на Г-7, кој треба да се одржи оваа недела.

Во масовниот напад врз Украина ноќта меѓу 4 и 5 октомври, Русија употреби 549 системи за оружје, вклучувајќи 102.785 компоненти, произведени од компании од САД, Кина, Тајван, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Јапонија, Холандија и Република Кореја, нагласи украинскиот претседател.

Според Зеленски, американските компании произведуваат конвертори за ракетите Х-101 и дроновите „Шахед“, сензори за нив и за ракетите „Кинжал“, аналогно-дигитални конвертори за дронови и ракети, како и микроелектроника за ракети.

-Најмалку 50 различни микроелектронски компоненти во секој Шахед се произведуваат во Кина и Тајван. Микроконтролерите за дронови се произведуваат во Швајцарија, а микрокомпјутерите за контрола на летот на дронови се произведуваат во Велика Британија. Оптоизолаторите за крстосувачки ракети се од Јапонија, а прекинувачките конектори се од Германија. Русија, исто така, користи процесори произведени во Холандија, како и сервомотори и лежишта произведени во Република Кореја, нагласи Зеленски.

Тој додаде дека Украина подготвува нови санкции против оние кои ѝ помагаат на Русија и нејзината војна. „Партнерите сега имаат детални податоци за секоја компанија и за секој производ – тие знаат што да бараат и како да реагираат“, додаде украинскиот претседател.

Поврзани вести