Skip to main content
Пред караницата

Зеленски му подари на Трамп фалц шампионски појас од боксерот Олександр Усик

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, при посетата на Белата куќа во Вашингтон, на својот американски колега Доналд Трамп му подарил лажен шампионски појас од боксерот Олександр Усик, Украинецот кој е шампион на светот во супертешка категорија.

Украинската делегација го донела појасот во Бела куќа, а тој беше прикажан и во преносот од средбата, пред да се случи вее славната караниц меѓу Зеленски и Трамп.

Сепак, самиот украински боксер на социјалните мрежи изјави дека сите награди му се дома.

Не знам кој е тој појас. Сите појаси ми се дома. Не нам, каков појас му подари Зеленски на Трамп“, напиша Усик.

„Аксиос“ претходно објави дека Зеленски му ветил на Трамп дека ќе му го даде шампионскиот појас на Усик кога ќе се сретнат при посетата на Белата куќа.

Поврзани вести