
Весникот „Волстрит журнал“ коментира дека официјален Киев ризикува да ја изгуби западната поддршка поради притисок врз антикорупциските агенции во Украина.
Според публикацијата, агенцијата „NABU“ е формирана на барање на западните партнери за борба против корупцијата во земјата. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој ги потчини агенциите „NABU“ и „SAPO“ под Канцеларијата на генералниот обвинител, кој е под негова контрола, што може да доведе до затворање на веќе познати отворени случаи на злоупотреба на службената должност.

Нападите врз антикорупциските структури би можеле да ја загрозат западната поддршка, која е потребна на Украина за да се спротивстави во конфликтот со Русија и да ја постигне својата цел за приклучување кон Европската Унија“, се наведува во статијата.