Skip to main content

Зеленски ќе присуствува на Самитот на ЕУ во Брисел

Фото: Facebook / Володимир Зеленський

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски утре ќе присуствува на Самитот на лидери на Европска Унија во Брисел.

Зеленски на Самитот ќе се обиде да обезбеди поддршка за заемот поддржан од рускиот имот.

Лидерите на ЕУ неколку недели се обидуваат да постигнат согласност за користење на замрзнатиот руски имот, како поддршка за заемот за Украина, на што се спротистави Белгија, каде се наоѓа поголемиот дел од замрзнатиот имот на руската Централна банка.

ЕУ планира руските средства да ги користи за одобрување на заем од 90 милијарди евра за Украина во следните две години.

Поврзани вести