Skip to main content

Зеленски ќе ја брани Ормутската теснина од Иран

Украински војници помогнаа во одбивање напади со ирански дронови врз земји од Персискиот Залив за време на конфликтот со Иран, изјави претседателот Володимир Зеленски.

„Дали уништивме ирански ‘шахед’ дронови? Да. Дали тоа беше само во една земја? Не, во неколку. И според мене, тоа е успех“, напиша Зеленски на платформата Икс, пренесувајќи дел од разговор со новинари.

Украински воени експерти биле распоредени на Блискиот Исток во услови на војната со Иран, а Киев им помогнал на повеќе држави во управувањето со системи за пресретнување дронови.

Русија повеќе од четири години води војна во Украина, при што интензивно користи дронови „шахед“ од ирански дизајн.

Како одговор на американско-израелските воздушни напади, Иран лансирал вакви дронови и кон соседните земји од Заливот, вклучително и преку регионот на Ормуската Теснина.

Зеленски претходно го посети регионот и потпиша договори со Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Според договорите, украински компании ќе соработуваат со локалните вооружени сили за заштита на одредени објекти.

За возврат, Украина треба да добие противвоздушна муниција за заштита на енергетската инфраструктура, како и сурова нафта и дизел.

Слични договори се разгледуваат и со Оман, Кувајт и Бахреин, додаде украинскиот претседател

Поврзани вести